Отворен оглас за спроведување тендерска постапка за проектот „Основање и функционирање центри за ран детски развој“

16 Мар 2018
879 пати

За реализација на проектот „Основање и функционирање на центри за ран детски развој“ согласно

Меморандумот за разбирање, склучен помеѓу Општина Кочани и Канцеларијата на УНИЦЕФ во Република Македонија, во рамките на кој двете страни се согласуваат на соработка за отворање и функционирање на два центра за ран детски развој во општина Кочани, и тоа:
- Центар за ран детски развој сместен во една училница во основното училиште „Никола Карев“, во селото Тркање и
- Центар за ран детски развој сместен во една просторија од стариот Спомен дом „АСНОМ“, во Кочани.

Општина Кочани спроведува постапка за избор на најповолен понудувач согласно Упатството за спроведување на тендерска постапка врз основа на модалитетот на соработка „директна исплата“ одобрен од Канцеларијата на УНИЦЕФ.

Тендерската документација, без надоместок, може да се добие од Општина Кочани, лице за контакт: виш соработник за спроведување на постапки за јавни набавки, Силвана Благонова: 072 275 637, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Рокот за поднесувањето на понудите е до 21.3.2018 год. до 12 ч., кога ќе се одржи и јавното отворање на понудите.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.