Совет на Општина Кочани – Седница на 15. март

09 Мар 2018
710 пати

На 15 март Советот на Општина Кочани ќе ја одржи редовната 8 седница. На дневен ред се триесет точки

од различни дејности. Помеќу останатите, советниците ќе ги разгледуваат завршната сметка на Општинскиот буџет за 2017-та и завршната сметка на КЈП „Водовод“, извешетајот за работењето на истото комунално претпријатие во текот на минатата година, плановите за вработување на Општината и на „Водовод“, планот за култура и повеќе информации и извештаи најмногу од областа на урбанизмот и комуналното уредување на градот...
Седницата започнува во 9 часот... 
Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Разгледување на завршни сметки на општинските основни и средни училишта за 2017 година, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани, за 2017 година
2. Завршна сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2017 година
3. Годишен извештај на Општина Кочани за 2017 година.
4.Предлог- одлука за висината на девизен и денарски благајничкиот максимум за 2018 година.
5.Извештај за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило,набавка,поставување и одржување на урбана опрема, одржување на детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ во 2017 година.
6. Извештај за реализација на Програмата за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2017 година.
7. Извештај за реализација на Програмата за јавна чистота во општина Кочани за 2017 година
8. Извештај за реализација на Програмата за одржување на атмосферската канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2017 годи
9. Извештај за реализација на Програмата за други комунални услуги, третман на кучиња скитници и други нерегистрирани кучиња во 2017 година
10. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ - Кочани во 2017 година
11. Завршна сметка на КЈП „Водовод“ - Кочани за 2017 година
12..План за вработување во КЈП„Водовод“- Кочани за 2019 година.
13. Годишен план за вработување во Општина Кочани за 2019 година.
14.Годишен план за бработување на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани за 2019 година
15. План за наводнување во земјоделието на подрачјето на општина Кочани за 2018 година.
16. Информација за начинот на користење на државното земјоделско земјиште на подрачјето на општина Кочани.
17. Предлог- одлука за давање на трајно користење без надомест на движни ствари, сопственост на општина Кочани
18.Предлог- одлука за определување надомест на трошоците за избори на учесниците на изборната кампања од чии листи на кандидати се избрани членови на Советот на Општина Кочани и за Градоначалник на Општината Кочани на локалните избори одржани во 2017 година
19. Предлог- програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови,урбанистичко-планска документација, и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2018 година.
20. Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2017 година
21. Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2017 година
22. Извештај за реализација на Програмата за комуникација на Општина Кочани за 2017 година.
23. Извештаи за работењето на комуналните редари во општинската администрација на Општина Кочани за 2017 година.
24. Извештаи за работењето на овластените инспектори на општина Кочани во 2017 година.
25. Извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2017 година.
26. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани од областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2017 година.
27. Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2017 година
28. Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во 2017 година
29. Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2017 година
30.Правилник за начинот и условите за одобрување финансиска помош на социјално загрозени грагани, жители на општина Кочани за остварување право на помош за анализи и лабораториски услуги за рано откривање болести.


Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.