Во рамки на Кампањата за подигнување на јавната свест - Натпревар за средношколци

01 Мар 2018
742 пати

Натпревар за средношколци (тимови од по 3 лица)


Во рамки на Кампањата за подигнување на јавната свест, која се спроведува како дел од Проектот за третман на отпадни води- Кочани, финансиран од Швајцарската Влада, една од планираните активности за вклучување на заедницата во проектните активности е организирање на натпревар за лица на возраст од 14-18 години.
Правила за учество
За учество во натпреварот ќе важат следниве основни правила:
Тема на натпреварот
Тема на натпреварот е „ Важноста на третманот на отпадните води-потреба и предизвици“.
Учениците треба да се водат но не и да се ограничат на следниве прашања:
• Каква е моменталната ситуација со отпадните води? Како се создаваат и од кого? Каде завршуваат отпадните води?
• Зошто е важно да се третираат отпадните води? Какви проблеми се појавуваат доколку нема третман на отпадните води? Какво е влијанието врз животната средина, пр.рибите, жабите и растенијата?
• Што значи да се третираат отпадните води?
• Дали луѓето се свесни за потребата за третман на отпадните води? Како луѓето може да станат повеќе свесни за потребата за третман на отпадни води?
Освен тоа, особено ќе се цени развојот на сопствен оригинален пристап на истражување и критично мислење од учениците.
Право на учество
Млади лица на возраст од 14- 18 години.
Организација на тим
Учениците ќе работат во тимови од по 3 (тројца).
Презентација на постигнатите резултати
Тимовите може да користат секаков вид на средства за ги презентираат добиените резултати како на пример:
• Power Point Presentation или слични алатки
• Видео со текст
• Слики со аудио
Освен презентираните резултати во некоја од горенаведените форми, треба да се достави и кратко објаснување (1-2 страници на Македонски јазик), за тоа како ја развиле идејата, пристапот кој го користеле и кои се најголемите заклучоци/ откритија од нивното истражување.
Презентацијата треба да содржи од најмногу 20 слајда, и при усно презентирање да не трае повеќе од 15 минути. Видеото треба да биде со времетраење од најмногу 15 минути.
Краен рок за поднесување на презентациите
Најдобрите презентации од секое училиште треба да се испратат на следнава е-маил адреса:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 16:00 h on 15 Март 2018 со наслов на пораката: „Важноста на третманот на отпадните води-потреба и предизвици”.
Критериуми за оценување
Добиените резултати треба да се испратат до Комисијата за оценување која ќе биде составена од двајца членови на КЈП „Водовод“ Кочани и двајца членови од Консултантот од Швајцарија одговорен за спроведување на Проектот за третман на отпадни води-Кочани.
Комисијата за оценување ќе ги оценува добиените крајни резултати според следниве критериуми:
- Доставување на јасно објаснување за процесот на развој на идејата, користениот пристап и постигнатите резултати во писмена форма ..………. (0 – 30) поени
- Презентацијата е добро направена/ составена од претставување на идејата, развој на идејата …..……. (0 – 10) поени
- Добиениот краен резултат ги опфаќа споменатите прашања од „Тема на натпреварот“
…………. (0 – 30) поени
- Оригиналност и визуелен изглед на презентацијата/ видеото ...………. (0 – 30) поени
Награди
Најуспешните тимови ќе ги презентираат своите дела на настанот за прославување на Интернационалниот Ден на водите и 50-годишнината од основањето на КЈП Водовод Кочани, што ќе се одржи на 22ри Март 2018 во Кочани.
1ва Награда: Тројцата ученици од најдобро рангираниот тим ќе бидат наградени со по еден таблет (или smart watch- паметен часовник)
2РА Награда: Тројцата ученици од второ наградениот тим ќе добијат Швајцарски џебен нож од ЕБП (консултантот од Швајцарија)
3та Награда: Тројцата ученици од трето наградениот тим ќе добијат Мемориски стик од ЕБП (консултантот од Швајцарија)
Контакт
За дополнителни информации одговорните ментори можат да не контактираат преку следнава е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.