Крстот во рацете на Аце Стојанов

19 Јан 2018
2068 пати

Александар Стојанов (23) го фати осветениот крст во водите на Кочанска река, денеска на Водици. Свечениот ритуал се одржа под Крушарскиот мост, како и во изминатите

неколку години. Присутен беше и владиката на Брегалничката епархија, годподин Иларион. Неколку илјади кочанци, православни христијани, го следеа сето она што се случуваше денеска... Педесетина момчиња се обидоа да дојдат до крстот и скокнаа во Кочанска река...
Стојанов досега имал три обиди да го фати светиот крст на Водици и годинава му се посреќи. Рече дека на сите им посакува среќа, здравје и љубов...

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.