Кочанските пензионери се собраа предпразнично со повод

20 Дек 2017
628 пати

Денеска во просториите на “Колор“, Здружението на пензионери - Кочани одржа мала свеченост, на која предновогодишно беа прославени резултатите постигнати на 22те Републички пензионерски спортски натпревари, кои на 2ри септември се одржаа во Кочани. Претседателот на ЗП - Кочани Ѓорги Серафимов, ги поздрави присутните и истакна - Оваа година е посебна бидејќи бевме домакини и направивме одлични резултати во повеќе спортски дисциплини. Нашиот член Костадин Стојанов беше прогласен за најдобар стрелец, а екипно го зазедовме 3то место. Втори бевме екипно во Тегнење јаже за мажи, а во дисциплината Скок од место, златниот медал го освои нашиот Ѓорѓи Николов. Нашите беа први и во Кошарка - слободни фрлања на кош - рече Серафимов и додаде, дека на следните натпревари очекува уште подобри резултати. На свеченоста присутните ги поздрави и заменик градоначалникот Благоја Ситновски, кој во името на Советот на општина Кочани и градоначалникот Николчо Илијев, на пензионерите им го честита големиот успех на спортски план. Воедно пред присутните го истакна задоволството, што кочанското Здружение е меѓу најактивните во земјава, на сите полиња, а не само во спортот

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.