Билетите за „Волшебна ноќ“ пуштени во продажба

20 Дек 2017
1089 пати

Во полн ек се подготовките за Новогодишниот концерт на ОМУ „Ристо Јуруков“, кој годинава ќе се одржи под мотото Волшебната ноќ. На програмата ќе

се најдат класични и популарни новогодишни рефрени што ќе ги изведат поранешни и сегашни ученици и професори во кочанското музичко училиште.
Овој новогодишен музички спектакл и годинава е во организација на Основното музичко училиште и Општина Кочани, а е под покровителство на компанијата ИНТ.
Двете вечерни претстави се закажани за 26 и 28 декември, во Центарот за култура „Бели мугри“, на чија билетарница од 10 до 16 часот се продаваат и билетите по цена од 150 денари.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.