Украдено е Ауди

17 Дек 2017
1309 пати
Додека купувал бурек му го украле аудито
26-годишен кочанчанец пријавил во полиција дека вчера на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Ауди А5“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на лицето Д.А., а управувано од пријателот. 
 
 
Кога кочанчанецот влегол во бурекџилница го оставил отворено возилото изгаснато со клучот внатре, сторителот го искористил моментот, влегол во возилото го стартувал и незабележан од никого заминал во непознат правец. На тој начин пријавителот е оштетен за околу 1.800.000 денари.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.