Нов културен бран - Бесплатни концерти и ревија на македонски филмови во „Бели Мугри“

06 Ное 2017
1202 пати

Викендов во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани, ќе се оддржи „Нов Град“, дводневен културен настан на кој концерти

ќе оддржат три македонски групи а ќе бидат прикажувани и кратки филмови, анимации и документарци од македонски автори.
Настанот почнува во сабота (11ти Ноември), кога на терасата во домот на култура „Бели Мугри“ ќе настапат „К.Н.Н.Т“ од Скопје, „Свит Рапскалионс“ (Битола), „Анна О“ од Кочани. Концертите почнуваат во 21 ч. а влезот е слободен.
На 12ти ноември во недела, во Малата сала на НЦУК „Бели Мугри“, со почеток во 20 ч. ќе има двочасовна ревија на нови кратки македонски филмови, анимации и документарци. Меѓу прикажаните филмови ќе бидат и наградуваниот „Ќе дојдат децата“ на Ана Јакимска, „Чевли“ на Бранко Костески, „Човекот кој не беше таму“ на Гоце Цветановски, „Девојката што паѓа“ на Владимир Лукаш и други. Влезот е слободен.
Настанот „Нов Град“ е дел од манифестацијата „Нов културен бран“ и е поддржан од Министерство за Култура, а реализиран од здружението на граѓани „Икигаи“ во соработка со Општина Кочани и НУЦК „Бели Мугри“.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.