Во Кочани победи Николчо Илијев со 3 730 гласа разлика. Во Виница, Зрновци и Чешиново - Облешево, втор круг

16 Окт 2017
3982 пати

Според првичните резултати на ДИК кандидатот на СДСМ Николчо Илијев освои 11 622 гласа или 55,80% - ВМРО ДПМНЕ со Ратко Димитровски 7 892 гласа или 37,91%, СДПМ со Методи Јованов 298 гласа, или 1,43%, што покажува дека Николчо Илијев, победи уште во првиот круг и ќе биде новиот градоначалник на општина Кочани. Во општина Виница СДСМ со кандидатот Ивица Димитров освои 5 113 гласа или 48,64%,а ВМРО ДПМНЕ и Мартин Павлов 4 852 гласа, или 46,16%. Во општина Зрновци ВМРО ДПМНЕ има 791 глас, 48,50%, СДСМ 460 гласа, 28,20%, независниот Методи Николов 310 гласа, 19,01%, СДПМ 27 гласа 1,66%. Во општина Чешиново - Облешево , ВМРО ДПМНЕ собра 1977 гласа, 47,48%, СДСМ 1938 гласа, 46,54%. Во општините каде ниту еден кандидат нема повеќе од 50% од гласовите ќе се гласа и во втор круг. Ова се првичните неофицијални резултати, што Радио Кочани ФМ ги доби од Државната Изборна Комисија на Република Македонија.

 

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.