КЈП „Водовод„ - Објава за панаѓурот

20 Сеп 2017
957 пати

Врз основа на одобрението добиено од Општина Кочани бр.03-454/1 од 11.09.2017 год. КЈП „Водовод“ Кочани, ја

објавува следната:

О Б Ј А В А

I. Во периодот од 18.10.2017 до 22.10.2017 год. (среда, четврток, петок, сабота и недела) ќе се одржи традиционалниот Кочански панаѓур.
II. Организатор на панаѓурот е КЈП „Водовод“ Кочани.
III. Локација на панаѓурот е просторот на КП бр.15493/1, КП бр.15493/2, на дел од ул.Скопска, дел од ул.Скопска што граничи со КП бр.15493/2 и дел од ул.4-та Македонска бригада.
IV. На панаѓурот ќе можат да изложуваат свои стоки сите општествени и приватни правни лица, малостопанственици, како и индивидуални производители на стока.
V. Висината на надоместокот за користење на јавните површини ќе изнесува:
- за I (прва) зона 2.000,00 ден. за 1(еден) метар должен (со вклучена електрична енергија),
- за II (втора) зона 1.500,00 ден. за 1(еден) метар должен (со вклучена електрична енергија),
- за закупците на просторот наменет за угостителска дејност 300,00 ден. од м2 (со вклучена електрична енергија), и
- за закупците на просторот за забавниот парк и игри 200,00 ден. од м2.
VI. Плаќањето на надоместокот ќе се врши на жиро сметка на КЈП „Водовод“ Кочани – 300050000008715 при Комерцијална банка или на благајната во КЈП „Водовод“ Кочани.
VII. Подетални информации можат да се добијат во Управата на КЈП „Водовод“ Кочани или на телефонските броеви 033/279-101 и 033/279-116.

Напомена: Организаторот – КЈП „Водовод“ Кочани се иззема од секаква одговорност до колку се врши контрола од страна на инспекциските служби (санитарна, пазаришна и даночна инспекција).

КЈП „Водовод“ Кочани

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.