„Водовод“ воведува осумдневна рестрикција

08 Авг 2017
2607 пати

Поради екстремно високите температури и нарушените хидролошки состојби во регионот, енормно зголемената потрошувачка особено во вечерните часови

и нерационалното користење на водата КЈП Водовод е принудено да воведе осумдневна наизменична рестрикција во сите зони во населените места и во градот.
Рестрикциите се воведуваат со цел водата да стигне до сите потрошувачи бидејќи превентивните мерки со контроли и санкции против несовесните потрошувачи не ги дадоа очекуваните ефекти.
Граѓаните ќе бидат навреме известени за распоредот и термините за рестрикциите кои ќе се применуваат од 9-16 Август.
Веруваме дека граѓаните ќе имаат разбирање за мерките и ќе не поддржат во настојувањата водата да биде подеднакво достапна за сите.


08.08.2017 god. KJP,,Vodovod,, Ko~ani

Преглед на прекините во испорака на вода во периодот од 14:00 до 20:00 часот, по зони и денови:
- На 9-ти и 13-ти Август: селата: Прибачево, Грдовци, Мојанци, Г.Подлог, Д.Подлог,Тркање и Бања.
- На 10-ти и 14-ти Август: ниска зона во градот;
- На 11-ти и 15-ти Август: средна зона во градот;
- На 12-ти и 16-ти Август: висока зона во градот;


Преглед на улици по зони

Висока зона

3та Македонска Бригада; 13та Македонска Бригада; 50та Македонска дивизија;
Февруарски поход; Ѓорче Петров; Пиринска; Бел Камен (повисок дел); 1ви Мај (повисок дел); Охридска;Скопска (повисок дел);Раде Кончар (повисок дел); Марко Цепенков; Велин Стоилов;Малина Поп Иванова;Васил Главинов;Страшо Ербапче;Димитар Лазаров (повисок дел) ;Кирил и Методиј (повисок дел);Душан Петревски;14та Бригада (повисок дел);Питу Гули (повисок дел);Коста Рацин; Стамен Манов (повисок дел);Дуди Ханум;202;201;Крум Врнински;Ване Грдовјански;Мишо Арсов;Никола Панпуров;Кресненско Востание;15ти Македонски Корпус;Разловечко Востание;Вера Циривири;Карпошово Востание;
Ѓорги Пулевски;Искра;Руен;Македонска;Мирче Ацев;Киро Кикенски (повисок дел);Христијан Карпош (повисок дел);


Средна зона
Христијан Карпош (понизок дел);Јане Сандански;Осоговска;Цар Самоил;Гоце делчев;Борис Трајковски;Раде Кратовче; Илинденска;Д-р Николич;ВМРО (повисок дел); Кеј на револуција (повисок дел);Љупчо Сантов;Славчо Стојменов;Браќа Ставреви;Вита Поп Јорданова;Рајко Жинзифов (повисок дел);Цветан Димов;Вељко Влаховиќ;Димитар Влахов (повисок дел);Коле Неделковски;Пере Тошев;Стево Теодосиевски;Иво Лола Рибар;Мородвишка Епископија;Григор Прличев;Павлина Велјанова; Орце Николов;Сремска;Роза Петрова;Ристо Симеонов

Ниска зона
Лазар Андонов;Брегалничка; 4та Македопнска Бригада;Григор Апостолов – Гочо;Вера Которка;Мирка Гинова;Никола Карев;4тиЈули;9ти Мај;Крсте Мисирков;Рајко Жинзифов (понизок дел);Иван Иванов – Балашо;
Плачковица;Теодосија Паунов;Гошо Викентиев;Вера Циривири; Никола Вапцаров;Солунска;Енгелсова;Кеј на револуција (понизок дел);
ВМРО (понизок дел);Димитар Влахов (понизок дел)

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.