Известување

23 Јун 2017
1324 пати

На 28 јуни (среда спроти четврток) во периодот по 23 ч. ќе се спроведе превентивно прскање против комарци. Запрашувањето ќе се врши од земја, во градот

Кочани и во низинските села Тркање, Горни и Долни Подлог, Мојанци, Грдовци, Прибачево и Оризари. Со дезинсекцијата ќе биде опфатена површина од 400 хектари. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки. Доколку временските услови се неповолни (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот поволен ден.

Лица за контакт: Лета Георгиевска, 070/250-694
Влатко Јанкулов, 072/275-694

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.