Општина Кочани - Јавна анкета за урбанистичкиот план за Градска четврт 9

24 Апр 2017
1350 пати

Во периодот од 18 април до 17 мај 2017 год. ќе се спроведе ЈАВНА АНКЕТА

по Предлог-деталниот урбанистички план за ГРАДСКА ЧЕТВРТ 9, за проектот „Купи куќа за млади“.
Во овој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови.
Графичкиот прилог на овој урбанистички план може да се види на огласната табла пред зградата на Општината и на веб-страницата на Општина Кочани www.kocani.gov.mk.
Детални информации можат да се добијат во Одделението за урбанизам и заштита на животна средина, на првиот кат во општинската зграда.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.