Државна лотарија на плоштадот во Скопје го доведе Иџе Стефановски

19 Апр 2017
1146 пати

Државна Лотарија на Македонија продолжува да ги изненадува своите верни

играчи. Вчера, на градскиот плоштад во Скопје љубителите на игрите на среќа имаа уникатна можност да се дружат со најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе и водителката Марјана Станојковска. На среќното место на Државната Лотарија на Македонија, во една преубава постпразнична атмосфера, играчите го искористија убавото време да си ја пробаат среќата со инстант лозовите АВАНТУРА и ДЕТЕЛИНКА и секако со среќните броеви во НовоЛото 7/34. Покрај убавата дружба и насмеаните лица, и бројните добивки ги израдуваа посетителите и редовните играчи.
Најупорните трагачи по добивки си заминаа и со маички, капчиња и разни други реквизити со знакот на Детелинка, а потпишани токму од Марјана и Иџе.

Ве потсетуваме дека и прекрасниот автомобил КИА СПОРТАЖ сеуште чека трпеливо на својот нов сопственик, а покрај среќното место на Градскиот Плоштад ќе блеска до 13ти мај.

Државна Лотарија на Македонија ги повикува своите верни играчи, да го посетат среќното место и да и дадат шанса на среќата да им се насмевне.

За добро!

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.