Во Кочани одбележан Меѓународниот ден на Ромите

11 Апр 2017
1584 пати

Со пригодна програма, Општина Кочани во соработка со Урбаната заедница 4 го одбележа

8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. По тој повод во објектот „Ѕвездички“ од Детската градинка „Павлина Велјанова“, каде што се реализира проектот „Инклузија на деца Роми во градинките“, беа прикажани содржини што ја пренесуваат пораката за едннаквоста беа оглед на националноста, верата, културата и обичаите.

Во саботата, на 8 април на игралиштето во Трајаново Трло се одржа културно-забавна програма во која учествуваа играорни групи и деца од кочанските училишта. За ромска убавица беше избрана Сибелџан Латифова, а екипата „Рома“ беше прогласена за победник во Осмоаприлскиот турнир во мал фудбал.

Во рамките на манифестацијата беше организирана и дегустација на традиционални ромски јадења.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.