Промоција на „Царка ветерка“ од Љубинка Донева

17 Ное 2016
5147 пати

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, утре во 13 часот ќе се оджи

промоција на книгата за деца и младинци „Царка ветерка“ од Љубинка Донева. За најновото издание на издавачката куќа „Панили“ ќе говори проф.д-р Виолета Димова.
„На страниците од прозната книга „Царка ветерка“, авторката влегува во тајните на децата и на оригинален начин, духовито и креативно им доближува на читателите еден интересен свет во кој младите, со љубопитство можат да учат за силата на љубовта и добрината, за слободата и мислењето и за се она што влијае во оформувањето на една здрава,млада личност. „Царка ветерка“ е четиво што се чита во еден здив, се констатира во препораката на ова издание“, информираат од Мултемидејален центар Матица.
Пренесено од ПлусИнфо.МК

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.