ВМФЛ – ИСТОК: Слога Виница со победа повторно на врвот, Осогово поразено од САСА

07 Ное 2021
370 пати

Се одиграа преостанатите три меча од 10.коло. Слога Виница уште еднаш покажа дека има силен, моќен тим, Успеа на гости кај Братство да слави со 0:1 и сега одново четата на стратегот Никола Кузманов е осамена на врвот на табелата и тоа со два бода предност пред Победа. Победничкиот гол беше дело на Шуку во 75.минута. Каменица Саса со 2:0 на свој терен славеше проив Осогово, стрелци беа Мисердовски и Божинов во 84. и 87.минута од мечот. Кожуф очекувано немаше проблеми против ТИМ Локомотива и успеа да триумфира со 3:0.

Вчера Кит Го и Победа одиграа 1:1, а Беласица со 4:1 го победи Детонит.

РЕЗУЛТАТИ – 10.КОЛО

БРАТСТВО – СЛОГА (В) 0:1

САСА – ОСОГОВО 2:0

КОЖУФ – ТИМ ЛОКОМОТИВА 3:0

ВЧЕРА:

КИТ ГО – ПОБЕДА 1:1

БЕЛАСИЦА – ДЕТОНИТ 4:1

ТАБЕЛА

1. Слога (В) 25, Победа 23, Саса 20, Беласица 17, Кит Го 16, Кожуф 12, Осогово 11, Детонит 10, ТИМ Локомотива 4, Братство 4 бодови…

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)