Победа со ШЕСТ ГОЛА го „наполни“ Осогово

25 Сеп 2021
228 пати

Поразот во дербито минатото коло против Слога Виница, екипата на Победа го наплати на дуелот со  Осогово на кој постигна дури шест гола во противничката мрежа (6-0).

По само осум минути игра резултатот беше 3-0 во корист на домаќинот. Во раната фаза стрелаа Бојан Спиркоски, Антонио Бошески и Петар Најдов. До паузата резултатот беше зголемен, а точка на натпреварот прилепчани ставија со два гола во продолжението. Во листата на стрелци се запишаа уште Бојан Спиркоски и Давид Јошески.

  • Победа - Осогово 6-0:

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)