На почетокот на септември нова трка на Пониква

20 Авг 2021
1253 пати

Вториот ридско брзински натпревар кој се бодува за македонскиот шампионат во автомобилизам и за шампионатот во Централно европската зона ќе се одржи на 4 ти и 5 ти септември на најубавата патека во земјава - Пониква.

На натпреварот свое учество ќе има и нашиот сограѓанин, Дејан Манасиев, во класата Е1 2000 cc  со возилото Рено клио спорт.

183837842_4227819607250076_2917374870973663135_n.jpg

Се очекува да настапи уште еден натпреварувач од Кочани,тоа е Донче Иванов - во класата Е1 1400 cc со возилото Југо 55.

183282010_4224400584258645_1512675161601599973_n.jpg

Повеќе информации за овој спортски настан ќе ви презентираме во периодот што следува  

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)