Вечерва во Струмица, Осогово ја победи Беласица со 0:1

25 Јул 2021
286 пати

     Екипата на Осогово од Кочани, вечерва со почеток од 20:00 часот, во пријателски фудбалски натпревар и гостуваше на Беласица на стадионот „Младост“ во Струмица.

     Натпреварот се одигра во одличен амбиент под рефлектори, а кочанските фудбалери, во контролниот меч пред почетокот на првенството од ВМФЛ Исток забележаа минимална победа од 0:1.

     Победоносниот гол падна во 74 минута од второто полувреме. Да потсетиме, минатата сезона Осогово ја заврши на седмото место со освоени 29 бода.

     На контролниот натпревар во Струмица беа промовирани поголем број млади фудбалери.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)