ФФМ со реваншизам за „непослушните“ Судиите и контролорите кои гравитираат кон ОФС Струмица и ОФС Кочани суспендирани.

23 Јул 2021
347 пати

По предлог на Судиската организација при ФФМ на денешната седница на Управниот одбор (УО) на ФФМ е утврдено судиите и контролорите кои гравитираат кон ОФС Струмица и ОФС Кочани да бидат суспендирани.

Односно да не бидат повикани на семинарот во пресрет на  новата сезона, што остави многумина затечени.

Ова одлука доаѓа како една форма на рефаншизам на водечките структури во ФФМ поради непослушноста од страна на ОФС Струмица и ОФС Кочани кои се едни од најголемите Општински фудбалски сојузи во Македонија.

Во ОФС Струмица членуваат прволигашот Академија Пандев, второлигашот Беласица и Детонит, како и третолигашите  Хоризонт Турново, Тиверија, Спартмани, Раклиш и Василево, како и ЖФК Тиверија.

Во ОФС Кочани членуваат пак второлигашите Каменица САСА, Слога Виница и Осогово, како и актуелниот шампион во женска конкуренција ЖФК Каменица САСА како и ЖФК Кочани. Тука се и третолигашите Брегалница Делчево, Малеш и Чешиново.

Имено како што е познато ОФС Струмица и ОФС Кочани не му дадоа поддршка на актуелниот претседател на ФФМ, Сејдини за нов мандат.

Собранието во ОФС Струмица се одржа и беа присутни сите делегати од клубовите членик на сојузот како горе наведените Академија Пандев, Беласица, Плчачковица, ЖФК Тикверија и т.н но истите не му дадоа поддршка на Сејдини за кандидат за претседател.

Додека она во ОФС Кочани не се се одржа поради немање кворум затоа што делегатите од Каменица САСА, Слога, ЖФК Каменица САСА, Осогово, Малеш, Брегалница Делчево  бојкотираа, односно не се појавија на собранието затоа што не сакаа да ја дадат подршката за Сејдини.

Поради тоа што делегатите од клубовите членик на сојузите не му дадоа поддршката на Сејдини, сега најмногу настрадаа оние кои што се најмалку виновни во цела ситуација – а тоа се судиите.

Оваа непопуларна одлука може да се протолкува дека е за задоволување на нечии суети и притоа е на штета на голем број судии и спортски работници кои со години вложувале во себе. Луѓе кои се посветиле на оваа професија, вложиле и труд и финансии и време за да сега одеднаш се приморани да ги завршат кариерите присилно без нивна желба.

Ова е уште една во низа контрадикторни одлуку на ФФМ со која спортските работници се одалечуваат од фудбалот, а на нивна сметка за овој спорт во државата одлучуваат фотељаши.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)