Виница – Викендов ќе се лета со параглајдери

23 Јул 2021
395 пати

На 24 и 25.07.2021 (сабота и недела)година на полетиштето за параглајдери на Плачковица ќе се одржи натпревар

во прелети на параглајдери од третата етапа на македонската национална лига. За прв пат на територијата на Општина Виница се организира ваков вид на натпревар, на кој ќе учествуваат околу 25 параглајдеристи од целата држава кои ќе ги покажат своите способностите во дисциплина прелети.
Брифингот за старт ќе биде во 11 часот, полетувањето во 12 часот. Предвидено е да се лета на падините на Плачковица, Берово, Калиманци, дел од Кочанска котлина и дел од Беровска котлина, додека крајна цел и слетувањето ќе биде на Јакимовски пат.ж
Новооформениот клуб за параглајдерство и планинарски спортови ,,Источни крила – Виница” се јавува како организатор на настанот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)