Виница – Ќе се реконструира Градскиот стадион во Виница

15 Јул 2021
469 пати

Општина Виница распиша тендер за проектна програма за изработка на техничка документација на ниво на

основен проект за реконструкција на Градскиот стадион во Виница, уредување и осветлување на стадионот и Градскиот парк, односно, изградба на источна трибина, поставување на кровна конструкција на веќе постоечката западна трибина, поставување на столчиња, како и изградба на помошен терен на јужниот дел од стадионот, позади голот, вели виничкиот градоначалник, Ивица Димитров, во своја фб - објава.
Целта на оваа реконструкција е подобрување на условите за одржување спортски и културни настани, со што ќе се зголеми посетеноста на стадионот, ќе се овозможи подобра функција на спортските клубови и ќе се поттикнат рекреативни активности на граѓаните.
Тендерот вклучува проект за сензорно осветлување на Градскиот стадион и Градскиот парк во Виница. Ваквото осветлување овозможува поголема енергетска ефикасност, помали загуби на енергија, помало светлинско загадување и истовремено, придонесува во модернизација на градот, наведува Димитров.
Вкупната инвестиција достигнува 900 000 денари - средства обезбедени од Биро за регионален развој.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)