Мечот се игра на Градскиот стадион „Никола Мантов“ со почеток во 15 часот, за жал без публика, поради ковид – пандемијата.
Во претходното коло кочанските „жолтосини“ од гостувањето во Радовиш се вратија со три бода, совладувајќи ја екипата на „Плачковица“ со 0 : 1.
Денешниот натпревар од 20 – то коло од ВМФЛ Исток на „Мантов“ е можност за нова победа, што ќе им овозможи на нашите фудбалери побезбедна позиција на табелата во борбата за опстанок во второлигашката конкуренција.
На „Мантов“ денеска – Осогово : Саса
Во рамките на 20 – то коло од ВМФЛ – Исток фудбалерите на ГФК Осогово во Кочани ја пречекуваат екипата на Саса од Македонска Каменица.
Последни објави radiokocani.mk
- Оризопроизводителите ќе може да набавуваат комбајни, средствата се од програмата за рурален развој...
- Писмено известување од Пејпар Мил...
- Заврши асфалтирањето на Станбената улица во централното градско подрачје...
- Приведени две лица во Кочани при обид за тешка кражба...
- Започна Рамазан – Градоначалникот Димитров повика на меѓусебно разбирање