Фудбалерите на ГФК Осогово ја извојуваа најубедливата победа од денешната програма на ВМФЛ – Исток, затоа што на свој терен со убедливи 4-1 (4-0), славеа над тимот на Росоман. По мирниот старт Стојанче Велинов во 22. минута го најави високиот пораз на својот тим, додека во последните седум минути од првиот дел, одбраната на Росоман капитулираше уште трипати. На 2-0 зголеми Спасов, а потоа погодија уште Неданоски и уште еднаш Спасов. Во вториот дел Росоман успеа само да го ублажи поразот и конечните 4-1 ги постави Андреевски.
- Осогово - Росоман 4-1