Дејан Манасиев сезонава четири пати ќе го гледаме на Пониква

11 Мар 2021
805 пати

Публиката во Кочани оваа година ќе има повеќе можности во живо да ги следи возењата на Дејан Манасиев,

наш автомобилист, кој настапува за екипата на „Перформанс“ од Скопје, во класата Е1 до 2000 кубни сантиметри.
Дени, се натпреварува со возило „Рено клио спорт“ во препознатливите бои на ГФК „Осогово“- „жолто-сино“. Минатата година Манасиев во својата категорија првенството го заврши на одличнот второ место.
Според календарот на Автомобилистичката федерација на Македонија, на патеката на „Пониква“ годинава предвидено е да се возат четири трки, во рамки на ридско-брзинскиот шампионат на Македонија.

kalendar.jpg


Првите две трки се закажана да се возат на 9-ти мај, додека третата и четвртата трка според календаротна АФМ ќе се возат на 5-ти септември и се дел и од елитната Централна Европска зона на натпреварување и на Автомобилистичката федерација на Косово.
Патеката кон Пониква е една од најатрактивните патеки во Македонија за ридско-брзински трки, поради што уште интересот за учество од страна на домашни и странски натпреварувачи е голем.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)