ЖФК Каменица Саса победи со 18:0 против ЖФК Кочани...

01 Мар 2021
555 пати

Лидерот во македонската женска прва лига, Каменица Саса викендов оствари убедлива победа против Кочани и славеше со дури 18:0.

Во оваа висока победа најмногу се истакнаа Стефани Маринковска и Марјана Нацева кои постигнаа по четири гола, Пале Николовска и Мила Талевска запишаа хет-трик, Рабија Дервиши беше двоен стрелец, а мрежата ја тресеа уште Моника Георгиева и Анастија Маринкова.

Саса е лидер на табелата со 42 освоени бодови, Тиверија има четири помалку, Деспина Прилеп 37, а Скопје и АСС Унитед по 34…

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)