Досегашниот играч на нашиот второлигаш Осогово, Филип Манасиевски е пред трансфер во словачкиот второлигаш МФК Татран. Тој веќе неколку дена е дел од овој клуб, а интересно е што настапи на пријателскиот меч против тимот на Ружомберок за кој што настапува нашиот репрезентативец Тихомир Костадинов.
Се надеваме дека Манасиевски добро се покажа како на тренинзите така и на одиграниот натпревар и ќе биде награден со професионален договор.