Христијан Коцев трето зимско засилување за ГФК Осогово

17 Јан 2021
157 пати

Младиот 20-годишен лев бек Христијан Коцев во пролетниот дел од сезоната ќе го носи „сино-жолтиот“ дрес на Осогово, соопштија од клубот.

Коцев во Кочани доаѓа од редовите на второлигашот Кораб каде што беше еден од најдобрите и најстандарни фудбалери во есенскиот дел од ВМФЛ-Запад.

Својата младинска кариера Коцев ја градеше во редовите на скопски Работнички, Македонија ЃП, Металург, Локомотива и Маџари Солидарност.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)