Благој Истатов ќе тресе мрежи за Осогово...

09 Јан 2021
249 пати

Младиот македонски фудбалер Благој Истатов ќе ја напушти Струмица и ќе бара поголема минутажа во Кочани, каде ќе го носи дресот на Осогово.

Внукот на славниот голман Благој Истатов има 21 година, но не добиваше редовна шанса во Беласица. Така, центарфорот тргнува во потрага и голови во Кочани, каде ќе игра за Осогово во Втората лига - Исток.

Покрај за Беласица, младиот Истатов играше и за Детонит ЈуниорКожуфХоризонт Турново и јуниорите на Академија Пандев. Оваа сезона напаѓачот се најде на терен на десет средби, ама воглавно влегуваше од клупата за резерви.

ГФК Осогово се наоѓа на седмото место во ВМФЛ-Исток. Активностите кај второлигашите исто така стартуваат овој месец, а лигата продолжува пред крајот на февруари.

Извор Gol.mk

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)