Виница – Се одржа Чупино треил

02 Сеп 2020
134 пати

Стотина велосипедисти и четириесетина планинари рекреативци од повеќе градови од Македонија учествуваа на трката Чупино треил 2020, што се одржа на

Плачковица по повод Денот на ослободувањето на Виница. Организатор на трката беше здружението за планинарски спортови „Чупино“ од Виница. Велосипедистите возеа тура со должина од 40 километри, додека планинарите се искачуваа до врвот Чупино на 1725 метри.

cupino1.jpg
Велосипедската тура беше средно тешка и се возеше на релацијата Виница – Калиманско Поле – Виница, при што се поминуваше низ селата Јакимово, Црн Камен, Грлани и Драгобраште. За планинарите стартот беше во селото Блатец, се пешачеше патека со должина од 5,5 километри и висинска разлика од илјада метри.
Трката Чупино треил првично беше планирана да се одржи во јули, но поради состојбата со епидемијата од Ковид-19 беше одложена. Поддршка во организирањето на трката дадоа локални фирми, како и Општина Виница.

cupino2.jpg

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.