Кочанската риболовна екипа со уловени 40 килограми крап, го освои второто место...

23 Јун 2020
441 пати

       Елитната крапска екипа од Кочани ја продолжува серијата со победи и во 2020 година. На натпреварот на вештачкото езеро "Трстија" во близина на населеното место Трсино (виничко), екипата “Од рибарите за рибарите" составена од Ненад Панов, Александар Наунов и Дарко Стојков го освои второто место со уловени околу 40 килограми риба (крап). Со тоа на меморијалниот куп “Гоце Петровски ГИШЕЛ"  го оправда првото место од 2019 година што го освои на истото натпреварување.

       Купот беше организиран од Виничкото риболовно друштво “Крап Виница", во кој традиционално учествуваат најдобрите екипи од Македонија. На натпреварот беа фатени вкупно 260 килограми риба,а најголема фатена риба тежеше 9,3 кг.

       Екипата од Кочани ”Од рибарите за рибарите" во 2019 година има освоено 5 први места 2 трети места 2 медала за најголема риба и едно прво место на кастинг купот на вештачкото езеро Паљурци, кое се наоѓа на 4км источно од градот Богданци. Во 2019 година екипата “Од Рибарите за Рибарите" има уловено повеќе од 1,5 тони риба по принципот фати пушти, има организирано над 10 натпревари и многу хуманитарни акции за помош на езерата во Македонија.

Оценете ја оваа вест
(2 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.