ГФК Осогово: Кирчо Горгиев останува прв тренер на екипата

15 Јун 2020
236 пати

Нашиот досегашен прв тренер на клубот, Кирчо Горгиев го обнови договорот и во следната сезона останува

на кормилото на ГФК Осогово.
Откако стана јасно дека нема услови сезоната да се доигра и нашиот клуб доби известување од ФФМ дека истата се прекинува, а со тоа и ние остануваме во втората лига, раководните лица од клубот започнаа со кроење на тимот за следната сезона. На нај осетливата позиција тренер на првиот тим, управата ја доби довербата во досегашниот предводник Кирчо Горгиев. Тој со неговата заложба од претходната полусезона кога застана на чело на тимот во најтешкиот период и со неговиот ангажман и посветеност во клубот и со играчите ги надминаа сите пречки кои беа поставени од почетокот на сезоната.
Георгиев немаше многу натпревари позади него откако започна втората полусезона, но од постигнатото до моментот кога беше прекината лигата и тоа како наметна ред, дисциплина и позитивна атмосфера во соблекувалната и на теренот.
Во следниот период нашиот клуб ќе ги објави и неговите помошници како и новите играчи и оние кои го продолжиле договорот, а на Георгиев му посакуваме уште долго и со успех да го води ГФК Осогово.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.