Заврши забраната за спортски риболов на Калиманска брана

11 Јун 2020
253 пати

СРД „Шаран“ од Македонска Каменица објави дозволен спортски риболов во водите на Брана Калиманци,

за која поседува концесија за стопанисување. Претседателот Горан Стојменовски за Радио Кочани изјави дека до 1 јули останува забраната за ловење крап, кој во овој период се мрести. Сите останати видови риба како: сом, клен, караш, црвеноперка, бојник и мрена се дозволени за улов.
Цената за годишна риболовна дозвола изнесува 2 500 денари, а дневната чини 250 денари. СРД „Шаран“ веќе има издадено дозволи за риболовците од Кочани, Виница, Македонска Каменица, Берово и Делчево, а кочанчани дозволи можат да извадат во фирмата „Амазон“.
Максималниот улов е еден сом или два крапа, а останатата риба е дозволена да се лови до 3 килограми. Дозволено е да се лови со три трски од обала или со чамец во времетраење од 24 часа.
Риболовното друштво „Шаран“ има извршено порибување со див крап, набавен од специјални рибници за таа намена во нашата држава.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.