ГФК Осогово: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА МЛАДИНСКАТА АКАДЕМИЈА

12 Мар 2020
182 пати

Сакаме да ги известиме членовите на нашата младинска академија дека сите активности до 24. март ќе

бидат во мирување поради ситуацијата со Корона вирусот.
Поточно сите натпревари до посочената дата ќе бидат одложени, а исто така и тренажниот процес ќе биде прекинат.
Во оваа насока ви ја пренесуваме денешната информација од Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ)
Согласно последните препораки и забрани од Владата на Македонија за превенција од вирусот COVID-19 , Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари во младинските конкуренции и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.