ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈАТА ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ ВО СПОРТОТ ВО КОЧАНИ ЗА 2019 ГОДИНА

06 Фев 2020
136 пати

На 4 февруари 2020 година, во организација на Општина Кочани се одржа

традиционалната манифестација „Избор на спортист на Кочани за 2019 година“.

Во пријатна атмосфера и со многубројни гости, спортисти и спортски работници, беа доделени 22 награди за постигнати резултати во спортот.

Највисокото признание за спортист на Кочани за 2019 година го доби каратистката Мартина Шахинова, а нејзиниот матичен клуб „Партизан“ понесе најмногу награди: за најуспешна екипа; Оливер Коцев за најупешен тренер; Филип Стојанов за најдобар млад надежен спортист. Втората награда во изборот на најуспешните спортисти, исто така ја зеде партизановецот Ѓорѓи Петров.

Меѓу седумте најдобри спортисти во 2019 се најдоа и гимнастичарите Стојан Анастасов и Ристе Симеонов, џудистот Дамјан Крстов, каратистите Роберто Здравковски и Илија Охомуш.

За најдобри млади надежи признанија добија: Дино Лазаров и Младен Василев од Кошаркарскиот клуб „Баскет Дино“, гимнастичарите Иларија Цветкова, Лука Цветков и Антонио Јаношевиќ, џудистката Стефанија Павлова, каратистите Наталија Карова и Благоја Тасевски и Николче Ефремов од Фудбалскиот клуб „Фудбал старс“.

Драганчо Димитров, претседател на судискиот актив на Општинскиот фудбалски сојуз „Кочани“ ја доби наградата за надобар спортски работник.

Според најавите на организаторот, за 2020 година ќе биде воспоставен нов модел на избор на најуспешните во спортот, кој дополнително ќе се креира.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.