ГФК „Осогово“ до навивачите – Дојдете в недела, сега сте му најпотребни на клубот

03 Окт 2019
143 пати

Во пресрет на натпреварот со тимот на ФК Кожуф кој се игра во Кочани оваа недела од 15:00 часот, нашиот

тренер и шеф на стручен штаб Жанко Савов излезе со официјално соопштение по повод досегашната работа во клубот.
Од своја перспектива и увид во работата на теренот како и досегашните резултати Савов на кратко изјави:
За кратко време имав прилика да се запознаам одблиску со квалитетите и ресурсите со кој рапсолага Осогово. Во овој тим има многу голем потенцијал. Од старт на сезона има многу клучни повредени играчи од кој зависи ростерот на тимот, но исто така не чека многу работа и напорни тренинзи за да го постигнеме нивото на кое треба да биде овој клуб. Во моментот немаме многу избор и ќе мораме со сите расположиви сили да играме и освојуваме бодови. Јас во едно сум убеден, а тоа е дека дисциплинираната работа и упорност ќе донесат резултат.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и фанови на нашиот тим во Недела од 15:00 часот да се појават на стадионот Никола Мантов во што поголем број и да му ја дадат својата поддршка на клубот во моменти кога најмногу му е потребна! Недела е ден за фудбал! Заедно за Осогово!

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.