Втора фудбалска лига Исток – Први три бода за „Осогово“

23 Сеп 2019
158 пати

Фудбалерите на ГФК Осогово ја постигнаа првата победа есенва во Втората фудбалска лига – Исток. Во

саботата (21 септември), во рамките на петтото првенствено коло, на Градскиот стадион „Никола Мантов“, кочанчани ја совладаа прилепска „Победа“ со резултат од 1 : 0. Голот го постигна Ацо Стојков од пенал во продолжението од првото полувреме. Тој, инаку, е најновото засилување кај „жолто-сините“. Мечот со „Победа“ беше деби и за Жанко Савов, кој од неодамна е нов прв човек на тренерската клупа на „Осогово“.
Со овие три бода, кочанци и понатаму се на последното место на табелата во Источната група на Втората лига.
Екипата на новиот стратег Жанко Савов во шесттото коло патува во Струмица каде ќе се сретне со „Беласица“. Натпреварот се игра на 28 септември на стадионот „Младост“ со почеток во 15 часот.
На другите средби од одиграното виќендов петто коло од Втората фудбалска лига Исток постигнати се следните резултати :
„Кожуф“ – „Каменица Саса“ 1:0
„Плачковица“ – Беласица“ 0:1
„Питу Гули“ – „Кит Го“ 1:2
„Брегалница“ – „Тиквеш“ 0:1 (одигран порано)

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.