ГФК „ОСОГОВО“ : ЗАЕДНО СО НАШИТЕ ХУМАНИ ФАНОВИ, ПОДАРУВАМЕ 10 СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ

19 Авг 2019
107 пати

По повод продажбата на сезонски билети, нашиот клуб во претходниот период примаше уплата на сезонски билети

од фанови кои не следат на нашите социјални мрежи ширум државата и странство се со цел тие билети да се пренаменат за нашите најверни фанови.

Дека во Македонија постојат хумани луѓе кои ја ценат секоја добра и позитивна работа во нашиот клуб покажува и фактот што многумина се решија на чекор да оддвојат од сопствениот буџет и да уплатат билет за друг. Ние како клуб од името на сите членови најискрено се заблагодаруваме на овој гест кој е од големо значење и мотивација за останатите да го следат овој пример.

Овој текст исто така е соопштение до јавноста и граѓаните на Град Кочани и околината кои сакаат да присуствуваат на натпреварите на нашиот клуб, а неможат да си дозволат да ја одвојат целосната сума за сезоната, да аплицираат за билет на нашиот стадион за време на тренинзи, на контакт формата на нашиот веб сајт или на социјалните мрежи Инстаграм, Фејзбук и Твитер /gfkosogovo

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.