ПОБЕДНИЧКИ КРАЈ НА ПОДГОТВИТЕЛНИОТ ПЕРИОД

15 Авг 2019
91 пати

ГФК Осогово подготвителниот период кога станува збор за контролните средби го заврши со победа.

Во шестиот пријателски меч „жолто-сините“ славеа над Каменица САСА со 2-0 (1-0).
Нашиот тим до предност дојде во 33. минута кога Костовски по левата страна убаво изработи и центрираше во казнениот простор каде што капитенот Коцевски стрелаше за почетна предност. Гостите до крајот на полувремето погодија статива.
Во вториот дел се играше 65. минута кога Михаилов даде убава топка по десно до Коцевски кој убаво асистираше до Додевски кој погоди за 2-0. И на овој меч сите играчи добија шанса за игра, па така тренерот Андов направи десет замени.
Ова беше последен контролен натпревар пред почетокот на новата натпреварувачка сезона која ќе биде отворена со мечот од 1/16 финалето од Купот против Победа следната среда на Градскиот стадион „Никола Мантов“.

Текстот е преземен од официјалната страница на ГФК Осогово

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.