Осогово ги започна подготовките за новата сезона

09 Јул 2019
168 пати

Како и што беше најавено на 6 јули на Градскиот стадион „Никола Мантов“, шефот на стручниот штаб на

ГФК „Осогово“, Александар Андов, ја изврши првата прозивка за новата сезона.
Претходно, стручниот штаб, управата и играчите имаа заеднички состанок. На првата прозивка имаше петнаесетина фудбалери, додека неколкумина добија дозвола од фамилијарни причини да се приклучат од понеделник.
Во најголем дел од првиот тренинг со екипата работеше кондициониот тренер Трајче Богданоски. Токму поради негова сугестија и според неговиот план, во првите 20 дена нема да има контролни мечеви.
Првиот тест дуел е закажан за 27. јули против Тиквеш во Кочани, а четири дена подоцна ќе бидат одмерени силите и со Беласица. Противниците за пријателските мечеви во август ќе бидат дополнително прецизирани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.