Пинг – понг...Гошев повторно стипендист на Агенцијата за млади и спорт

11 Јун 2019
145 пати

Леонид Гошев, годинава по вторпат доби стипендија од Агенцијата за млади и спорт. Овојпат освојувајќи го

второто место во јуниорска конкуренција на државно ниво.
Високиот пласман после низата успешни натпревари му обезбеди и членство во тимот кој ќе ја претставува Македонија на Балканското првенство во пинг-понг деновиве.
Леонид во моментот е на подготовки во Скопје, а од денеска течат натпреварите од Балканското првенство, каде Гошев очекува висок резултат.
Леонид веќе неколку години е активен член на клубот “Вин-спин“, и сите негови резултати се плод на интензивни тренинзи и работа со тренерот Сашко Милев.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.