Повик за пријавување за Петровденскиот турнир во мал фудбал

08 Јун 2019
150 пати

Општина Кочани како организатор на ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

ги повикува фудбалските екипи да се пријават за учество на турнирот.

Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на жиро сметка: 210041087870107 – ОФС Кочани,
да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години.

Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани
или од официјалната веб-страница www.kocani.gov.mk дo 19 јуни 2019 година.

Ждребувањето е на 21.06.2019 година, а натпреварите започнуваат од 22.06.2019 година.

Дополнителни информации на телефоните: 078 840 626 или 072 275 610

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.