На 1 и 2 јуни – трето издание на велосипедско-планинарскиот фестивал „Осоговска авантура“

29 Мај 2019
162 пати

Друштвото за спорт и рекреација „Прв до врв“, во соработка со велосипедската група МТБ „Исток“ од Кочани и спортски ентузијасти од Осоговието,

на 1 и 2 јуни го организираат третото издание на планинската велосипедска тура на Осоговските Планини, овој пат содржински проширена во дводневен планински фестивал „Осоговска авантура“ – Osogovo Adventure.

– Овој велосипедско-планинарски фестивал е составен од тури за планинари и планински велосипедисти со старт и база на Пониква, на Осоговските Планини. За учесниците во секоја од категориите се предвидени лесна и потешка тура, согласно физичката подготвеност на поединците. Покрај турите, учесниците имаат можност да кампуваат, да бидат дел од забавната музичко-фолклорна програма и да ги пробаат локалните рецепти за подготвување на храната – најавува Панче Зафиров од МТБ „Исток“.

Според организаторите, планинските тури се наменети на растечката заедница рекреативци кои спортуваат со планински велосипеди, со цел да им се доближат природните убавини на Осоговието и потенцијалите за планински спортови во овој крај.

Настанот има и дополнителна цел да ги разбуди туристичките потенцијали на овој крај, кој би можел во поголемиот дел од годината да биде домаќин на љубителите на активниот одмор и туризам.

Велосипедско-планинарскиот фестивал „Осоговска авантура“ се реализира со финансиска поддршка од Општина Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.