На 16 мај – општински спортски натпревари на пензионерите

10 Мај 2019
114 пати

Здружението на пензионерите на Кочани и годинава во рамките на програмата за спортски активности ќе ги

реализира општинските пензионерски спортски натпревари. Натпреварите на кои се очекува да учествуваат пензионери и пернзионерки од сите ограноци на Здружението од Кочани, Зрновци и Чешиново -Облешево ќе се одржат на градскиопт стадион „Никола Мантов“, на Спортското стрелиште кај стадионот и во Управната зграда на Здружението на пензионерите во Кочани.
Пензионерите спортисти ќе се натпреваруваат во следните спорстки дисциплини: стрелаштво,трчање до 65 години и над 65 години,фрлање ѓуле, кошарка, фудбал, пикадо, домино, табла и шах во машка и женска коинкуренција, како и во дисциплините тегнење јаже и скок од место - само во машка конкуренција. Натпреварите ќе се одржат на 16 мај, четврток, а најуспешните спортисти ќе ја сочинуваат екипата на ЗП Кочан и на регионалните спортски натпревари кои годинава ке се одржат на 12 јуни во Берово

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.