Слога – Осогово 0 : 2

05 Мај 2019
60 пати

Во рамки на 21. коло од Третата лига Исток вчера ГФК Осогово забележа уште една рутинска победа, овојпат на гостински терен во Виница против

Слога со 0-2 (0-0).
Денешниoт меч го отворивме со одлична двојна шанса во воведниот период. Откако Филип Ѓеоргиев се обиде да го лобува противничкиот голман, топката заврши во гредата, а во продолжение од акцијата Тоше Манов не успеа отпадокот да го претвори во гол.
Вториот дел домаќините го отворија со две убави шанси, но нашиот голман Ѓорги Јованоски го покажа сиот свој квалитет и спречи предност за Слога.
Се играше 65. минута кога нашиот напаѓач Манов го искористи невниманието на домашниот голман и стрелаше за предност од 0-1. Десет минути подоцна капитенот Коцевски убаво влезе меѓу одбраната на Слога и стрелаше за 0-2.
Во финишот Манов со глава погоди прво во едната пречка, а потоа топката удри и во другата пречка и излезе од голот.
По крајот на третиот круг од шампионатот имаме предност од +12 бода во однос на второпласираниот Овче Поле кој има и натпревар помалку. Додека денешниот наш противник со 10 бода останува закован на дното на табелата.
Текстот е преземен од сајтот на ГФК Осогово

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.