ГФК Осогово – Третолигашки фудбал ќе нема и овој викенд

15 Мар 2019
155 пати

За жал и овој викенд нема да започне пролетниот дел од Третата лига Исток. По вторпат е одложен

почетокот на продолжението од тековната сезона, а оваа одлука од раководните луѓе на лигата пристигна денес во нашиот клуб.
Во информацијата за одложувањето на стартот на лигата се вели:
„Почитувани. Поради не исполнување на условите за натпреварување во Третата лига Исток (ТЛИ), согласно актите на ФФМ, почетокот на пролетниот дел од првенството се одложува“
Како што информиравме пред неколку ден, ГФК Осогово има преостанати средства од првиот дел на натпреварувањето и исто така има уплатено финансии за вториот дел од натпреварувањето.
Искрено се надеваме дека останатите клубови ќе ги надминат проблемите и лигата ќе започне во најбраз можен рок, бидејќи во спротива најмногу губат клубовите, фудбалерите, а пред се публиката и љубителите на фудбалот.

ГФК Осогово

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.