ГФК „Осогово“: „Не го вплеткувајте клубот во политички игри“

13 Мар 2019
163 пати

По однос на соопштенијата на Трета фудбалска лига – Исток и Општина Кочани, сакаме да им порачаме

да не го вплеткуваат клубот во политички игри и секој да си ја гледа својата работа.
Имено, изненадени сме зошто воопшто Трета фудбалска лига – Исток се обратила службено до Општина Кочани, кога помеѓу нив нема ништо заедничко и секоја комуникација поврзана со нашиот клуб треба да биде на релација лига-клуб, а не лига-општина, се вели во официјалниот став на УО на ГФК „Осогово“, објавен на сајтот „жолто-сините“.
Во останатиот дел од објавата е наведено следното:
ГФК Осогово има преостанати средства од првиот дел на натпреварувањето и исто така има уплатено финансии за вториот дел од натпреварувањето, со што приказната за неплаќање на котизација е неточна.
Општина Кочани пред да излезе со соопштенија поврзани со ГФК Осогово, професионално е да го исконтактираат клубот и ако имаат одредени заблуди, истите да не ги пласираат во јавноста со што се прави штета на клубот.
Сакаме да потенцираме дека средствата за првиот квартал не се целосно исплатени, односно преостануваат уште 52 500 денари (нека проверат подобро во програмата за спорт).
Патем истите финансии се оскудни споредбено со другите општини, но ние како клуб си ја работиме нашата работа, поради која моментално сме први на табелата и најпопуларен клуб во државата (официјално според следбеници на Твитер и Инстаграм).
Во иднина кога ќе се спомене името на ГФК Осогово бараме да бидеме исконтактирани, а не на слепо да му се нанесува штета на клубот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.