ФК „Старс“ со пет победи и пехар за прво место се врати од турнир во Сандански

05 Мар 2019
90 пати

Виќендов во Сандански, Република Бугарија, младите фудбалери на фудбалската школа на ФК Старс

од Кочани учествуваа на турнирот „Сандански куп“. Одиграа вкупно пет натпревари против реномирани екипи на прволигашки тимови од Бугарија. Победија против ОФК „Беласица“ од Петрич 2 : 1, „Септември“ од Софија 1 : 0, против „Сливен“ со 2 : 1, ФК „Мињор“ од Перник со 3 : 1, а во финалето ја совладаа екипата на „Локомотив“ од Софија со 3 : 0, со што го освоија пехарот на Купот „Сандански“.
Најистакнати поединци со најмногу голови во кочанската екипа ФК „Старс“ беа : Марио Симовски, Петар Постоловски, Ненад Малинов, Петар Манев, Марко Ефтимов и Давид Костов.
Не беше мал придонесот и од останатите во тимот за големиот успех во меѓународна конкуренција. Турнирот беше организиран за фудбалери родени 2006 и 2007 година, пред кои претстои голема перспектива за македонскиот, а особено за фудбалот во Кочани. Само како илустрација, младите фудбалери од фудбалската школа на ФК „Старс“ ги имаат победувано фудбалските екипи на „Кочани“ и на „Осогово“ и со десетина голови разлика. На крајот сепак најважно од се е каде овие млади таленти ќе заминат по 2-3 години, кога ќе биде потребно со навршени 15-16 години да се приклучат во екипи со поголеми вредности. Само уште да додадеме дека децата тренираат само по 3 до 4 пати неделно на фудбалското игралиште во Горни Подлог, а живеат во Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.