Во Неготино „Вардар“ – „Осогово“ 0 : 0

25 Фев 2019
43 пати

ГФК Осогово на вториот контролен натпревар во рамки на подготовките за Пролетниот дел од сезоната во

Третата Лига Исток одигра реми без погодоци на гостински терен во Неготино против екипата на „Вардар“.
Овој резултат на крај е најреален по сите случувања на теренот. Се играше цврсто во средината на теренот, по мошне студено време и сув и тврд терен. Домаќините во првиот дел имаа две убави шанси да го отворат резултатот, но нашиот голман Јованоски одлично интервенираше.
Во вториот дел нашиот стратег, Александар Андов, иако направи низа измени, сепак, ГФК „Осогово“ во завршните 20 минути беше подобар противник, но, на крај резултатот остана оној истиот од почеток.
„Жолто-сините“ денес го започнаа мечот во следниот состав: Ѓ. Јованоски, Д.Наумоски, С.Спиркоски, Н.Стоилоски, Б. Коцев, Х. Каралиоски, А. Рајатоски, А.Коцевски, Е. Аксентиев, Т. Манов, С.Стојов. Играа уште: С. Ковачевиќ, С. Крстевски, И.Шуманов, И. Христовски, А. Гаврилов, Д. Цветанов

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.